Чекор по чекор, ДРС може да го снема до 2024

Одговорните во Формула 1 се надеваат дека со дизајнот на таканаречениот “земјен ефект“ кој ќе биде дел од болидите за следната година, следењењто ќе се олесни, претекнувањето ќе биде често, така што е можно целосно отстранување на ДРС до 2024 година.

Системот за намалување на отпорот (ДРС) беше воведен во 2011 година со цел да се зголеми крајната брзина на правците преку отворање на задното крило така што се намалува отпорот и болидот драстично се забрзува. Со се поголемата потисна сила која болидите ја генерираат, ДРС системот стана клучен во претекнувањето.

Но, радикалната промена на техничката регулатива следната година ќе стави фокус на земјениот ефект, така што очекувањата се следењето драстично да се подобри, а тоа да донесе многу повеќе шанси за претекнување Теоретски, тоа може да значи дека ДРС нема повеќе да биде потребен и клучен, а според добро информираниот германски Auto Motor und Sport, цел на ФИА е целосно отстранување од болидите подоцна.

доколку се постигне целта при дизајнирање на болидит еза следната годна, следењето и претекнувањето стане многу полесно, тогаш секако дека формула 1 ќе сака да се тргне дрс, но чекор по чекор – напиша мајкл шмид за Auto Motor und Sport.

идеална ситуација е да немаме повеќе дрс на болидите – дополнил главвниот технички шеф на спортот, пат симондс.

Според германскиот медиум, најрано во 2024 година може да се очекува целосно напуштање на системот од тркачката серија, иако 2026 година тоа би требало со сигурност да се случи. 

Се напоменува дека системот може да направи и проблеми со дифузерот и останатите елементи во долниот заден дел на болидите, затоа што “скаличката“ кај подот нема повеќе да ја има што значи дека сите делови ќе бидат на исто растојание од земјата.

Во последно време станува јасно колку агресивното минување преку рабниците крај патеките може да ги ошттат болидите, односно крилата, подот и гумите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ