Чеко не би останал долго во Ф1 доколку не се бори при врвот

Серхио Перез изјави дека не би останал во Формула 1 уште долго доколку не се најде во позиција да се бори при врвот од поредокот додека неговиот актуелен договор е во важност.

За мексиканецот оваа година ќе биде 10та Формула 1 сезона во кариерата откако лани го продолжи неговиот договор со Рејсинг Поинт каде е од 2014 година, а тековниот договор му завршува на крајот на 2022 година.

29-годишниот возач смета дека престојната промена на правилата ќе биде можност за екипите многу да напреднат, но откри дека нема да ја продлжи својата кариера во врвнаа моторспорт тркачка серија доколку остане во средината на поредокот до крајот на својот договор.

промената на правилата ми даваат надеж дека тимот знае што прави и каде се движи. да бидам реален, не вервуам дека ќе се бориме со мерцедес или ферари, но формула 1 е сјајно место, а мојата екипа би ја посакале сите, така што имам фантастична можност пред себе.

ова ќе биде моја 10та сезона во спортот и доколку работите останат како до сега не верувам дека би продолжил по 2022 година кога истекува мојот договор. три години во формула 1 може да минат многу брзо, но јас сум оптимист и подготвен да се борам за победи – најави перез.

Мексиканецот верува дека Рејсинг Поинт нема да го спречат доколку се појави било каква можност да мине во некоја врвна екипа.

многу долго сум со тимот и ми стана второ семејство во буквална смисла на зборот. сметам дека би биле пресреќни доколку ми се укаже некаква можност за врвна екипа  и секако дека би ми дозволиле да минам.

но, доколку тоа не се случи, силверстон е фантастилно место и ќе се посветам на нив затоа што сум сигурен дека ќе следуваат успеси.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ