Чеко не можел ништо поради проблем со сопирачките

Серхио Перез откри дека штом ги допрел сопирачките во спорниот круг од квалификациите, не можел ништо да направи со блокираните тркала и бил сао патник.

Мексиканецот имаше неколку излетувња за време на денешната утринска сесија, а проблемот се пренесе и на квалификациите. Тој ги закочи тркалата во пресрет на 3от свиок, заглави во песокот и тоа беше крај за неговите квалификации. Утрешното Гранд При ќе го почне од последно место.

имавме технички проблем уште на третиот тренинг и мислевме дека сме го решиле, но очигледно е дека не било така. беше тешко да се напрви било што, закочив и станав само патник во болидот штом ги допрев сопирачките.

нешто го поместува балансот на кочење кон напред додека кочам и се надевам дека ќе се поправи до трката утре за да ја минимизираме штетата и да извадиме максимум од оваа позиција – објасни мексиканецот.

Чеко е свесен дека ќе биде многу важно да се поправи проблемот на РБ19 во пресрет на трката затоа што без тоа ќе биде тешко да се вози.

не сакам да навлегувам во детали, но убеден сум дека проблемот ќе го поправиме навреме и ќе ја минимизираме штетата за трката утре. ќе биде тешко затоа што на оваа патека тешко се претекнува – свесен е серхио.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ