Четири екипи бараат построга казна за Рејсинг Поинт

Пет Формула 1 екипи ќе поднесат жалби на пресудата од страна на стјуардите, а во врска со легалноста на каналите за ладење на сопирачките кај Рејсинг Поинт РП20 болидот.

Вчера наутро стјуардите на ФИА решија дека Рејсинг Поинт ги прекршиле спортските правила по протестот на Рено на Штаерското, Унгарското и Британското Гранд При и поради тоа се казнето со 400 илјади долари и одземање на 15 поени. Поради комплексноста на случајот, на тимовите им беа дадени 24 часа за поднесување на жалби за пресудата наместо вообичаениот час.

Крајниот рок беше утрово во 9.30, Рејсинг Поинт одбра да се жали и да бара намалување на казната, сосема спротивно од Рено кои ќе се жалат и ќе бараат построа казна. Слично на Рено жалби ќе поднесат и Ферари, Мекларен и Вилијамс, сите тие сакаа поголема санкција.

добивме известувања со намера за поднесување на приговор на донесената одлука од страна на ферари, мекларен, рејсинг поинт, рено и вилијамс – потврди портпаролот на фиа.

Сите пет екипи имаат 96 часови да ги разгледаат своите опции и официјално да потврдат дали продолжуваат со процесот на жалба. Доколку се продолжи со жалбите, целата постапка ќе се одвива пре Меѓународниот Суд за жалби пред панел од независни судии.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ