Чејс Кери: Верстапен и Леклер се главното шоу

Извршниот директор на Формула 1, Чејс Кери, го пофали влијанието над спортот од младата генерација, истакнувајќи ги Макс Верстапен и Шарл Леклер особено.

Додека Хамилтон победува на повеќето трки, најголемиот дел од забавата е всушност подолу на гридот. Верстапен и Леклер е виновни за најдобрите моменти во сезоната досега, како нивниот дуел во Австрија и дуелот на следната трка во Британија.

Овие дуели се пример за силно тркање кое многумина од фановите го бараат, а Кери верува дека тие двајца се најдоброто нешто во 2019 година.

Ако погледнеме кон сезоната, мислам дека младата генерација го украде шоуто. Борбата помеѓу Верстапен и Леклер е неверојатен пример, поради која фановите го следат спортот.

Благодарејќи на нашата работа, овие млади таленти ќе доаѓаат, бидејќи ние инвестираме во Формула 2.

Гледате како повеќе и повеќе различни возачи со различно минато влегуваат во Формула 1 и токму тоа се обидуваме да го стимулираме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ