Шасијата на Алфа Ромео “падна“ на краш тестот

Алфа Ромео немаа успешен прв краш тест пред почеток на новата сезона во 2020 година. Според германскиот Motorsport-Magazin, од шасијата “не останало ништо“ и тие сега ќе мора да работат напорно за да го надоместат изгубеното време.

Пред почеток на нова сезона и пред да се дозволи болидот на една екипа да вози на патеката, секоја екипа мора да помине низ сеопфатни краш тестови на ФИА. Најчесто тестовите поминуваат без проблеми, но нешто не било во ред со болидот на Алфа Ромео.

Се пренесува дека проблемот е толку голем што огромни промени ќе мора да се направат во дизајнот на болидот за истиот да помине на краш тестовите. Ова е големо назадување за тимот кој сигурно не го очекувал ова во нивниот план.

Кими Раиконен и Антонио Џиовинаци имаа добри перформанси во 2019 година и сигурно ќе се надеваат дека шасијата ќе биде брза и безбедна за претстојната сезона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ