Шасија, Димензии и Кокпит

Техничка Регулатива

Севкупната ширина на болидот, без пневматици, не смее да премине 2000 милиметри.

Должината, висината и формата на болидот се водат според други спефицични параметри. На пример, делот од шасијата помеѓу центарот на предните и задните тркала не смее да биде поширок од 1600 милиметри.

Со цел да се избегне штета од пневматиците над другите болиди, одредени делови од шасијата мора да бидат најмалку 10 милиметри во дебелина.

Ниту еден дел од болидот не смее да надмине 950 милиметри во висина.

Позицијата и големинате на други аеродинамични елементи е строго контролирана.

Со исклучок на задното крило, активни делови на шасијата не се дозволени. Дополнително, секој систем, уред или процедура која го користи движењето на возачот како обид да се изменат аеродинамичните карактеристики на шасијата, е забранет.

Болидите може да имаат вградено движечко задно крило кое возачот го контролира, општо познато како ДРС систем.

ДРС системот е електронски контролиран и е достапен само во трката кога возачот заостанува помалку од 1 секунда од болидот пред себе во одредени делови од патеката. Што возачот притисне на сопирачките, ДРС-от се деактивира.

Шасијата која премногу е флексибилна во теорија може да доведе до аеродинамична предност. Поради тоа, одредени делови од шасијата, како предното крило, мора да биде доволно ригидно за да ги помине тестовите на ФИА.

Големината на отворот на Формула 1 кокпитот мора да биде во рамки на строги спецификации. Дали истиот е во рамките на тие спецификации се тестира преку спуштање на специјална форма во внатрешноста.

Возачот мора да биде способен да влезе и излезе од болидот без да мора да се отвора врата или да се отстранува друг дел на болидот, со исклучок на управувачот.

Од нормалната позиција на седење, со сите каиши прикачени и додека ја носи возачката опрема, возачот мора да го извади управувачот и да излезе од кокпитот во рамка од 7 секунди, а потоа да го врати управувачот во наредните 5 секунди.

Управувачот мора да биде прикачен преку специјален механизам за брзо отстранување.

Монококот на болидот, дизајниран за зашитта на возачот во случај на несреќа, мора да е долг за 300 милиметри по нозете на возачот, но не смее да биде понапред од средната линија на предните тркала.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ