Шафнауер: Алпин покажаа доволно лојалност кон Пиастри

Отмар Шафнауер, тимскиот шеф на Алпин, деманитира дека тимот не бил доволно лојален кон Оскар Пиастри и посочи дека дале се што можат да го подржат. 

Комисијата за договори на Формула 1 во петокот објави дека Пиастри има валиден договор единствено со Мекларен за наредната сезона и со тоа заврши сагата на Алпин кои тврдеа дека имаат договор со него да го замени Фернандо Алонсо. Шефот на тимот, Шафнауер, потенцираше дека екипата имала необврзувачки документ кој бил потпишан на крајот на минатата година. 

Дадовме се од себе да го подржиме во развојот и тој извозе 3.500 километри со ланскиот болид, беше резерва на Мекларен и Мерцедес вклучувајќи не и нас, бидејќи немаме резерва. Се му овозможивме, Му го плативме тоа, Тоа е нашата лојалност кон Оскар – посочи американецот.

Шафнаеур се повика на интегритетот на Пиастри кој беше критикуван отккао јавно изјави дека нема да вози за Алпин пред да го информира тимот за тоа. 

Во нашиот договор беше напишано дека тој ќе биде возач на Алпин помеѓу 2023 и 2024 година И тој тоа не го испочитува. 

Сега Алпин немаат возач кој ќе го замени Алонсо и се верува дека тие брзаат да се договорат со Ред Бул за усугите на Пјер Гасли. 

Ќе видиме што може да направиме бидејќи сакаме да го подобриме тимот. Сега ќе бараме возач и ќе трошиме пари на алати за да се бориме со топ 3 тимовите. Тоа е наша цел и да ја освоиме титулата за 5 години. Сакаме да победиме на патеката и тоа ќе го направиме. 

Според договорот од ноември, Шафнауер тврди дека Пиастри имал датум за доаѓање во Алпин пред летото и сега не сака да навлегува во игри на обвинување на другиот. 

Знаеме што се случи и ќе го поправиме ова во иднина. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ