Шафнауер демантира дека заминал од Астон поради Строл

Шефот на Алпин, Отмар Шафнауер, демантира дека заминал од Астон Мартин поради сопственикот Лоренс Строл и посочи дека тоа го направил поради Мартин Витмарш.

Шафнауер беше дел од екипата од Силверстон од 2009 година кога тимот се тркаше под името Форс Индија и му беше најпрво помошник на Боб Фернли, пред да го превзењме раководењето на екипата по доаѓањето на Строл. 

Откако замина од Астон, тој во едно свое интервју посочи дека во екипата едноставно немало место за двајца папи, по што новинарите почнаа да пишуваат дека мислел на Строл кој има многу директен пристап во тимот и сака да контролира се. Но, деновиве Отмар откри дека мислел на Витмарш, поранешниот Глаен извршен директор на Мекалрен Рејсинг кој ја превзема истата позиција во Астон во Октомври лани.

луѓето ме прашуваат на кого сум мислел кога реков дека во екипата нема место за двајца папи, но не мислев на лоренс затоа што секој има свој шеф, а јас имам и овдека во алпин како и на секое друго место на кое сум работел. штом го донесоа мартин витмарш, тој е другиот папа, за него зборував. не беше можнос двајцата да седиме на исто место и да се обидуваме да ја правиме истата работа, тоа не беше можно.

лоренс си е лоренс, тој сеуште е шеф и сопственик на тимот, а мене овдека шеф ми е лорен роси со кого јасно се разбираме и така и ќе остане.

Во Февруари официјално беше потврдено дека Шафнауер ќе стане дел од Алпин по неколкумесечни шпекулации за неговата иднина во францускиот тим. Тој откри дека сериозните разговори со екипата започнале откако тој решил да стави крај на својот престој во Астон.

сериозните разговори почнаа годинава, по нова година и само откако ми стана јасно е да заминам од тимот. потоа почнав да си барам работа и дсфатив дека сум на иста бранова должина со алпин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ