Шафнауер најавува заштеда од 10 милиони фунти

Тимскиот шеф на Рејсинг Поинт, Отмар Шафнауер, смета дека екипите може да заштедат до 10 милиони фунти следната година доколку клучните компоненти од овогодинешните болиди се пренесат во следната година со планираната непроменливост на правилата.

Поради пандемијата и откажаните трки екипите ќе се соочат со голем пад на приходите од оваа сезона, по што решено е планираната голема промена на правилата наместо следната година, да биде пролонгирана за година потоа, односно за 2022 година.

во еден наврат ја користевме старата шасија три пати во текот на годината и не само тоа, во тешките години суспензијата и трансмисијата остануваа исти – откри отмар за германски Auto Motor und Sport.

Шафнауер, кој го менаџира најефикаснкиот тим на гридот ако се стават во однос потрошените пари со освоените поени, дава сопствена проценка во врска со заштедите од стабилните правила.

со задржување на постоечката шасија се заштедува 1,5 милиони фунти. ако го додадете и менувач и структурата која штити од судари, заштедата е помеѓу 3-5 милиони фунти. ако имате максимално развојно насочена програма, може да заштедите до 10 милиони фунти.

Спортот веќе одлчи дека ќе се додаваат нови компоненти кон деловите кои може да се пренесат следната година и се веќе хомологирани, а се ќе зависи од бројот на трки кои ќе се одработат сезонава и кога истата ќе започне. Колку помалку трки се комплетираат годинава, толку повеќе делови ќе може да се користат следната, а Рејсинг Поинт ионака користат многу дозволени делови од Мерцедес и не ги развиваат сами.

мерцедес исто така има корист од тоа што нема треба да дизајнираат нови делови.

во моментов на залиха имаме доволно делови за десет трки и ако нарачеме за уште толку ќе имаме залиха и за следната година, но само ако деловите се хомологирани за следната година.

би било глупаво да користиме воздушен тунел во моментов и да продолжиме со развој буквално “на слепо“. не знаеме ни кога ќе почнеме да возиме, а не пак кога ќе имаме новини:

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ