Шафнауер: Окон има се што е потребно да го предводи Алпин

Шефот на Алпин, американецот Отмар Шафнауер, верува дека Естебан Окон има се што е потребно да биде предводник на тимот следната сезона по заминувањето на Фернандо Алонсо во Астон Мартин.

Отмар посочи дека единствена слабост на францускиот возач е што му треба премногу време на почетокот на викендот за да ги најде границите на болидот.

Нандо остави празнина откако потврди дека ќе го заземе местото на Себастијан Фетел во Астон Мартин, а Алпин побрзаа и го потврдија Оскар Пиастри за негов наследник, за по неколку часа возачот да демантира дека ќе вози за нив. Алпин сеуште бараат партнер на Окон, а речиси сигурно е дека работата со Пиастри ќе се влечка на суд.

Шафнауер откри дека имал повици од 14 возачи за празното место, а ќе направи куса листа од четворица на кои сериозно ќе смета следната година.

Шафнауер посочи дека Окон се докажал крај силниот перез во Рејсинг Поинт и Форс Индија ви 2017 и 2018 година.

естебан е неверојатен талент. работев со него во форс индија, во деновите кога го имаше серхио перез како колега и беше исто брз како него и жестоко се тркаше против него ако се сеќавате, нонстоп беа еден крај друг на гридот, често знаеја и да имаат контакт на трките. сите знаеме и видовме за што е способен серхио.

фернандо знае како да испорача фантастичен круг и да извади се од болидот многу брзо штом ќе седне во него. му требаат 3-4 кругови и веќе е на 99%, а за останатите 1% му требаат уште неколку кругови. кај естебан потребно е повеќе време да извади максимум.

но, во сабота и во недела е одличен, така што треба да научи како побрзо да вади се од болидот, но работиме со него на тоа периодов. поради сето тоа сметам дека силно се подобрува и е способен да го води тимот во иднина, има победа зад себе и освојува одлични поени годинава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ