Шафнауер: При крајот ни избега подиумот

Рејсинг Поинт освоија поени во Австрија преку 5то место на мексиканецот Серхио Перез, но шефот на тимот, Отмар Шафнауер, признава дека е разочаран од трката. 

Серхио Перез беше во позиција за подиум, но откако не влезе во бокс за време на последното безбедносно возило се најде нападнат од болидите со понови гуми, Ферари и Мекларен. 

Фрустрирачки е да ти избега подиум во последните кругови, бидејќи е тешко да задржиш болид зад себе со понови гуми и Со толку безбедносни возила.

мора да се носат тешки одлуки. Болидите зад нас имаа нови гуми, но ние одлучивме да останеме на патеката. Тоа се случи со Мекларените и Леклер – анализира американскиот шеф на екипата од силверстон.

Рејсинг Поинт имаа темпо доволно за подиум но болидот на Ленс Строл откажа и тој мораше да се повлече во боксот. 

Беше разочарувачки да се откаже Ленс откако моторот изгуби сила. Сеуште разгледуваме што се случило и да го решиме проблемот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ