Шафнауер: Разликата меѓу Мерцедес и Ред Бул е доказ за нашите поплаки

Фактот што Ред Бул драстично го намали заостатокот во однос на Мерцедес на првите три трки од сезоната во Астон Мартин сметаат дека е доволен доказ оти болидите со мала накосеност имаат поголем пробоем со новите правила.

Иако Луис Хамилтон победи на две од трите досега одржани трки, сепак се смета дека оние болиди со мала накосеност како Мерцедес и Ред Бул, загубиле повеќе со новите правила за задниот дел од болидот одошто оние со голема накосеност како Ред Бул. Отмар Шафнауер, шефот на Астон, смета дека споредбата на разликата помеѓу Ред Бул и Мерцедес од пред 12 месеци и сега е доволен доказ за тоа.

ако ја анлизирате последната трка без последната промена на гуми, луис беше 34 секунди пред макс на ланското издание на трката во портимао, а годинава мислам дека беа само четири секунди или нешто слично. мерцедес загубија 30 секунди од ред бул, а и ние исто така.

ако ги погледнете нашите времиња и нашиот пласман, ние сме исто така 30 секунди побавни во однос на лани. треба да се анализираат само првите три трки, квалификациите и главната трка – појасни шафнауер.

Астон Мартин побараа од ФИА да им даде дополнително објаснување на процесот на носење на правилата за оваа сезона односно променаа на подот во задниот дел од болидот што сметаат дека многу им наштетило. Иако се надева дека наскоро ќе се средат проблемите, Отмар е среќен што барем добиле објаснување од Федерацијата.

имавме разговори со фиа за да се обидеме да го разбереме процесот на носење на правилата кои не донесе до овдека каде што сме. дискусиите се при крај и имаме одличен напредок во однос на подоброто разбирање на тоа што се случило.

Тој откри дека на почетокот на минатото лето, неговата екипа веќе знаел дека промените на подот ќе им одземат многу од перформансите на нив како болид со мала накосеност, а тоа го потврдиле и со тестови во воздушниот тунел.

многу, многу години развивавме болид со голема накосеност, а потоа за лани ја променивме филозофијата во болид со мала накосеност. имавме можност интерно преку конкутерски симулации и тестови во воздушниот тунел да експериментираме со двата концепти, ги анализиравме промените и решивме со која филозофија сакаме да продолжиме.

Шефот на екипата од Силверстон откри дека вкупно три екипи биле против промените и тоа јасно го ставиле до знаење на состаноците на Тахничкиот комитет задолжен за промените, но ФИА притискала истите да се донесат поради безбедноста, така што Астон немале можност да направат ништо. Тие дури дале и алтернативен предлог, но истиот не бил прифатен.

предложивме втора промена која не беше прифатена затоа што ќе беше последователна. сметавме дека и првата промена доволно ќе ги забави болидите и поради тоа се повлековме, но имаше и други решенија кои ги предложивме претходно.

сметавме дека може да се намали големината на задното крило и тоа ќе влијаеше исто за сите, но нашиот предлог не беше одобрен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ