Шафнауер со објаснување околу корона вирусот на Строл

Тимот на Рејсинг Поинт излезе со свое официјално соопштение како појаснување на настаните минатиот викенд, позитивниот Ковид-19 тест на Ленс Строл во Нирбургринг како и протоколите кои биле следени потоа.

Младиот канаѓанец го пропушти Ајфелското Гранд При откако уште пред утринската сесија во Сабота не му било добро, а тимот веднаш го повикал Нико Хулкенберг кој за среќа бил блиску до патеката поради обврските за германски РТЛ кој ги има тој викенд.

Строл имал негативен Ковид-19 тест во Четврток, нешто што е неопходно за да се влезе во патокот, но во Недела, откак осе вратил во својот дом во Швајцарија, неговиот тест бил позитивен. Канаѓанецот преку социјалните медиуми вчера потврди дека имал позитивен тест, но неделава повторно се тестирал и бил негативен по што без проблем ќе се трка на Портимао.

Настаните од Нирбургринг фрлија сомнеж врз начинот на кој Рејсинг Поинт се справиле со болниот возач кој очигледно иал симптоми иако во Четврток имал негативен тест. Но, ФИА прифати дека екипата од Силверстон ги следела протоколите и медицинските совети.

како што ленс објави преку социјалните медиуми, рејсинг поинт потврдува дека тој иамше позитивен ковид-19 тест на 11 октомври во недела. ленс го напушти тимот уште во сабота на 10 октомври затоа што не можеше да се трка поради силни болки во стомакот, нешто што за прв пат како симптом му се појавила за време на руското гранд при, но од тогаш имаше неколку негативни тестови на ковид-19, тестови направени согласно протоколите на фиа и на рејсинг поинт.

исто така имаше негативен тест пред пристигнувањето во германија на официјалните тестови за влез во падокот за ајфелското гранд при. во сабота повторно имаше болки во стомакот што го принуди да се повлече од трката и да остане во моторхоумот подалеку од падокот.

се консултираше со доктор кој не веруваше дека симптомите имаат врска со ковид-19 и не го советуваше дека е неопходно да се тестира. поради таа проценка, немаше потреба да ја известуваме фиа за природата на неговата болест.

потоа со приватен авион отиде во својот дом во швајцарија во недела наутро и согласно протоколите за тестирање во екипата, според кои членовите на екипата ги тестираме кога ќе се вратат од трка, ленс се тестираше дома и доби позитивен резултат следниот ден.

продолжи во изолација десет денови од тестот согласно локалните правила, а во понеделник имаше негативен тест и поради тоа патува со екипата во португалија.

сите членови на нашиот тим беа тестирани по враќањето во британија од ајфелското гранд при и тестовите беа негативни, а враќањето со приватен чатер лет. при влезот во падокот на алгарве повторно ќе имаме тестови – објасни шафнауер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ