Шафнауер: Фетел ќе го извлече најдоброто од Строл

Тимскиот шеф на тимот на Астон Мартин, Отмар Шафнауер, вели дека четирикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел ќе го извлече најдоброто од неговиот тимски колега Ленс Строл.

Фетел се приклучи на поранешната екипа на Рејсинг Поинт оваа година, откако неговиот договор со Ферари не беше продолжен по 2020 година. Германецот имаше тешко време против Шарл Леклер, неговиот партнер во Маранело, во последните две сезони.

Сепак, раководството на Астон Мартин верува дека Фетел ќе напредува во неговата нова средина, а техничкиот директор Ендру Грин уште во Октомври сугерираше и дека тимот може да му помогне “да го открие своето моџо“. Шафнауер предвидува дека Фетел и Строл ќе се мотивираат едни со други.

Тоа е многу возбудливо за сите во тимот. Во Себастијан, имаме докажан четирикратен светски шампион со искуство да им помогнеме на тимовите да станат победници на трки и тимови кои се борат за шампионска титула.

Затоа тој е толку важен за нас. Тој носи победнички менталитет и сите несомнено ќе научиме многу од него на ова патување. Во Ленс, имаме еден млад и талентиран, вреден возач кој уживаше во својата најдобра сезона до сега минатата година и навистина напредуваше во сите области на неговите трки.

Знаеме дека ако му ги дадеме алатките, тој е повеќе од способен да му помогне на тимот да ги постигне своите цели. Исто така, сметаме дека Себастијан ќе го извади најдоброто од Ленс, а Ленс за возврат силно ќе го турка Себастијан, така што ние сме воодушевени од нашата постава во 2021 година. Тоа е идеална мешавина на искуство, знаење кое победува на трки и суров талент.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ