Шафнауер 99% сигурен дека Чеко ќе вози во Барселона

Отмар Шафнауер е сигурен дека неговиот возач, Серхио Перез, ќе се врати во болидот на Рејсинг Поинт за Шпанското Гранд При кое е на програмата следната недела, откако мексиканецот во пресрет на последните две трки има позитивен Ковиц-19 тест.

30-годишникот беше позитивен во пресрет на Британското Гранд При, но неговиот тест беше исто таков и седум денови подоцна во пресрет на Јубилејното Гранд При така што две трки по ред него го менува Нико Хулкенберг.

денеска (сабота) повторно се тестираше и резулатите треба да ги имаме утре. моите предвидувања се дека тестот ќе биде негативен и мислам дека во барселона ќе биде целосно подаготвен да вози.

бев 99% сигурен дека нико хулкенберг ќе вози за нас на двте трки во силверстон, а сега сум исто така 99% сигурен дека серхио перез ќе биде во болидот во шпанија – предвидув шефот шафнауер.

Новинарите го запрашаа американскиот шеф зошто Рејсинг Поинт притискале со тестови и покрај тоа што протоколите го наложуваат за да се заштитат оние во падокот.

експертите ни дадоа многу голем опсег во кој чеко може да покаже негативен тест и да вози и вредеше повторно да го тестираме. ни рекоа дека тестот може да биде негативен од една недела по првите до 4-5 недели по првотот тестирање и сето тоа било во зависност од кога бил инфициран така што имаше смисла да се обидеме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ