Шварцман е возбуден за слободниот тренинг што ќе го добие од Ферари

Роберт Шварцман е возбуден што ќе добие слободен тренинг со Ферари во вториот дел од сезоната. 

Русинот е дел од програмата за млади возачи на Ферари и вози под израелска лиценца откако руските возачи добија забрана за учество на сите манифестации организирани од страна на ФИА. Последен пат возеше во Абу Даби минатата година за Ферари и Хаас, но сеуште не возел тренинг на официјален Формула 1 тркачки викенд. 

Возбуден сум за идејата, но Сеуште не знам на која трка ќе ја добијам шансата. Горд сум што ќе возам Ферари на тркачки викенд и ќе биде интересно да се направи корелација со симулаторот. Поминавме многу часови со виртуелниот болид за да имам најслично искуство, Но ќе почекаме да ги видиме резултатите од прва рака – објасни шварцман.

Роберт не возел цела сезона откако ја напушти Формула 2, завршувајќи на второ место во поредокот лани. Ферари инвестираа во нов и најсовремен симулатор кој беше пуштен за тест но во употреба ќе влезе до крајот на годината. Шварцман смета дека недостатокот на тркачка програма му недостасува и единствено имал шанса да вози во симулатор. 

Ќе дадам се од себе да ја искористам шансата. Очигледно е дека тоа што ќе го сработам ќе ми помогне. Немам план Б, но ако немам шанса во Формула 1 ќе барам друг проект иако целосно сум фокусиран на Формула 1. 

Ферари потврдија дека ќе го задржат Шварцман под израелска лиценца и ќе му понудат некои шанси со Формула 1 тренинзи. Тој е роден во Тел Авив и живеел три години во Израел. 

Имам израелски пасош и поради ситуацијата со Русија и Украина морав да возам со таа лиценца. Сакам да возам во Формула 1 и тоа ми е цел. Мора брзо да се реагира за да не пропуштам некоја шанса. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ