Шварцман ќе тестира за Хаас во Абу Даби

Формула 1 тимот на Хаас потврди дека јуниорот на Ферари, Формула 2 возачот Роберт Шварцман, ќе тестира за нив на претсојниот тест наменет за младите возачи по трката во Абу Даби, односно по крајот на сезоната.

22-годишниот русин кој беше колега на Мик Шумахер во Формула 2 лани, заврши на 4то место со четири победи, а во моментов е на 3то место во серијата. Формула 3 првакот од 2019 годна ќе вози болид на Хаас на тестот по Гранд При трката во Декември.

пред се сакам да му се заблагодарам на тимот на хаас, на скудерија ферари и на академијата на ферари за оваа одична можност. ова ќе биде мој прв тест за хаас и навистина со нетрпелив да се запознаам со тимот, околината и да научам колку што можам повеќе од нив. неверојатно е што добивам шанса да возам за некоја формула 1 екипа и поради тоа сум многу нетрпелив – изјави задоволниот шварцман.

Како дел од програмата на Академијата на Ферари, младиот русин од Санкт Петерсбург тестираше Ферари лани на Фиорано, а за трофејната екипа го одработи и ланскиот тест во Абу Даби.

нетрпеливи сме да тестираме со роберт на јас марина во декември. јасно е дека во ферари високо го ценат затоа што е дел од нивната програма од крајот на 2017 година.

неговата способност е очигледна ако се видат неговите перформанси последните неколку години, особено дебитантската сезона во формула 2 лани каде се тркаше и против шумахер и мазепин.

задоволни сме што можеме да му понудиме на роберт шанса во формула 1 болид и нетрпеливи сме да го видиме во абу даби – изјави гунтер стаинер, шефот на екипата.

Еднодневниот тест ќе се вози заедно со тестот за 18 инчни гуми на Пирели. Астон Мартин веќе потврдија дека ќе тестираат со Ник Јелоли, додека Алфа ќе му дадат шанса за привикнување на Валтери Ботас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ