Шектер со шампионско Ферари ќе демонстрира на Монца

Џоди Шектер и Ферари повторно ќе бидат заедно викендов во Монца каде светскиот шампион од 1979 година ќе демонстрира со својот шампионски Ферари 312 Т4.

Прославата на 90 години Скудерија Ферари е во исто време со 40-годишнината ос освојувањето на титулата од страна на јужноафриканецот. Италијанското Гранд При е одлична можност да се сплоти тимот во емотивно патешествие низ пребогатата историја на славната марка.

многу се подготвував. штом дознав дека ќе добијам можност да го направам ова веднаш го испратив болидот во италија.

истиот механичар кој ми беше механичар тогаш го прегледа и добив можност да го повозам и на друг настан за да го почувствувам. сега се враќам на монца и морам да се покажам – изјави шектер.

Фантастичнио звук од 12-цилиндарскиот мотор на Ферари ќе се слуша сите три денови на Националниот автодром, а Шектер очекува нешто повеќе од обично “провозување“ по патеката.

јасно е дека ја намема тогашната самодоверба додека се тркав, но можеби третиот ден ќе се опуштам и ќе бидам доста брз, но не и глупав.

кога се спушта визирот едноставно многу брзо оглупавувате.

морам да кажам дека за мене е огромна привилегија да возам на монца. мислам дека минаа пет години од моето послендо присуство на гранд при трка, имам пријатели во формула 1 и сеуште уживам да ги гледам сите трки така што ќе биде фантастично што се враќам.

за едно нешто сум сигурен, а тоа е дека 12-цилиндарскиот мотор ќе произведе преубав звук.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ