Шестмина возачи не клекнаа пред трката

Шест од вкупно 20 Формуал 1 возачи одбраа да не клекнат пред стартот на трката како гест за поддршка на борбата против расизмот и различностите.

Сите возачи носеа црни маички со натпис против расизмот, но Макс Верстапен, Антонио Џовинаци, Даниил Квјат, Карлос Саинз, Шарл Леклер и Кими Раиконен не клекнаа во пресрет на интонирање на австриската гимна.

По задолжителниот брифинг со Мајкл Маси во Петок, Асоцијацијата на ГП возачи имала состанок на кој се разговарало за давање попддршка а борбата, при што немало едногласност.

Шесткратниот првак, Луис Хамилтон, е силен поддржувач на борбата против расизмот во последно време по смртта на црномурес човек во Америка како последица на прекумерна бруталност од страна на полицијата во Минеаполис.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ