Шефовите во Сочи веруваат во трката

Официјалните лица на Големата награда на Русија се убедени дека иднината на трката не е под знак прашалник и покрај интернационалната забрана на земјата да организира големи спортски настани.

Вчера Русија доби 4-годишна забрана од сите големи спортови од Светската Анти-допинг Агенција (WADA) за прекршување на допинг регулативата. Забраната се однесува на сите спортисти и организирање настани на државата, а ФИА е дел од она што WADA го опфаќа, така што логиката значи дека Русија не би требало да смее да организира Гранд При трка.

русија во следните четири години не смее да организира или да учествува во избор на организатор на никаков голем спортски настан – вели соопштението на WADA.

Сепак, настаните кои веќе се договорени не може да бидат откажани, а Руското Гранд При е таков настан кој со себе повлекува одредени договорни обврски согласно потпишан договор.

доколку се работи за некаков настан кој земјата веќе превзела обврска да го организира, истиот мора да се премести во друга земја, доколку тоа е законски и практично возмжно да се направи – велат од WADA.

Русија има 21 ден да се жали на забраната, а потоа одлуката ќе оди на Спортскиот Арбитражен Суд.

Организатор на Руското Гранд При е компанијата Росгонки кои сметаат дека трката нема да биде на никој начин загрозена или отакажана затоа што имаат попишано цврсти и обврзувачки договори.

договорот за рускиот дел од формула 1 првенството е потпишан во 2010 година многу долго пред истрагата од wada и истиот е валиден до 2025 година, а трката веќе потврдено се наоѓа на следниот календар.

доколку по жалбата на одлуката wada инсистира на откажување на сите големи спортски настани, тоа законски нема да биде возможно со нашата трка и нема да се однесува на неа затоа што нема законска и техничка можност да се повлечеме од договорот и трката да се организира во друга земја.

убедени сме и силно веруваме дека руското гранд при ќе се одржи следната година и годините потоа и поради тоа уште од сега ги каниме сите во сочи – напишаа организаторите на трката.

Руските спортисти кои ќе докажат дека не биле дел од допинг скандалот може да се натпреваруваат на големи спортски настани, но не под руско знаме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ