Шефовите на тимовите се сретнаа со Бред Пит

Шефовите на Формула 1 тимовите се сретнаа со познатиот актер Бред Пит и легендарниот продуцент Џери Брукхајмер да ги слушнат плановите за филмот кој треба да се сними за спортот. 

Филмот ќе биде режиран од Џозеф Косински, кој досега го режираше Трон, Обливион и новиот Топ Ган Маверик.  Сценариото ќе биде на Ерен Кругер кој го напиша сценариото за Топ Ган Маверик и ќе пишува за ветеран возач кој е ментор на млад возач. Луис Хамилтон ќе биде дел од проектот можеби како процудент додека целиот филм ќе биде на Епл. 

Главен фокус на состанокот е демонстрација на технологијата која се користела во Топ Ган Маверик и симулациите за да се долови реална слика.  Косински потенцираше дека е важно да се снимат вистински болиди во акција како дел од продукцијата. 

Сакаме да имаме најавтентична слика со вистински болиди на вистински трки бидејќи сакаме публиката да ги види. Има 20 Формула 1 возачи во светот и ова е најексклузивен клуб. Имаме добро искуство со Том Круз кога го правевме Топ Ган. 

Досега немаше филмови за Формула 1 откако Берни Еклстон ја превзема контролата на спортот и забрани такво нешто.  Тој се согласи Силвестер Сталоне да сними Формула 1 филм но договорот пропадна и филмот се основаше на ЧемпКар во 2000 година со катастрофални оцени. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ