Шефот на Австралиското ГП сака ноќна трка

Претседателот на трката во Австралија, Пил Литл, изјави дека би сакал трката во Мелбурн да биде ноќна. 

Од првата ноќна трка во Сингапур во 2008 година, се зголеми бројот на ноќните настани. Веќе на календарот ги имаме Бахреин, Саудиска Арабија, Лас Вегас, Катар и Абу Даби кои се возат под рефлектори.

Не исклучуваме ноќна трка. Мислам дека со малку работа ќе биде извонредно. Ќе биде одличен спектакл за публиката, Но потребна ни е соодветна инфраструктура.

Сум бил неколку пати во Сингапур и тоа е одлично и на возачите им се допаѓа. Мислам дека би било одличен спектакл – смета литл.

Географската позиција на Австралија е одлична за организирање на ноќна трка. 

Тоа што имаме ваква позиција мислам дека би било одлично за промовирање на настанот низ целиот свет. Нема сомнеж дека ќе имаме поголема гледаност доколку го направиме тоа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ