Шефот на АМГ го превзема Астон Мартин ?

Астон МАртин е на прагот на промена во врвната менаџерска позиција по доаѓањето на Лоренс Строл на чело на компанијата на почетокот од оваа година. Очекувањата се дека Главниот извршен директор, Анди Палмер, нема повеќе да биде дел од компанијата.

Според извештајот во британски Financial Times, Палмер, кој е на чело на компанијата од 2014 година, ќе биде заменет со Тобиас Моерс, шефот на АМГ одделот на Мерцедес. Ваквиот потег доаѓа по многу тешкиот период за британскиот производител на луксузни спортски автомобили чија вреддност на акциите падна од 19 фунти колку што изнесуваа во Октомври 2018 година кога компанијата излезе на берза на 35 пени колку што се во моментов.

Астон МАртин не даваат официјална потврда на доаѓањето на Моерс, но дадоа изјава дека ќе ја ревидираат својата структура.

компанијата потврдува дека ќе ја ревидира својата менаџерска структура, а официјални објави ќе има кога тоа ќе биде соодветно – напишаа од астон.

Промената на Главниот извршен директор се случува непосредно по доаѓањето на Лоренс Строл кој сака да ја застане компанијата на здрави нозе откако собра Конзорциум на инвеститори, вклучително и Тото Волф, кои купија права за акции кои компанијата би ги издала во иднина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ