Шпанска Жарама бара враќање во календарот

Жарама, патеката крај Мадрид на која порано се возеше Шпанското Гранд При, бара начин да се врати во Формула 1 календарот.

Формула 1 веќе го објави најдолгиот календар во историјата со дури 24 Гранд При трки, каде нема место за Франција, се враќа Кина, а премиера ќе има и Лас Вегас, додека Монако си го задржа местото исто како и Белгија.

Популарноста на спортот е голема како никогаш до сега, така што шпанскиот весник Autopista посочи дека Мадрид сака да ја врати трката крај градот во календарот, а за тоа има доставено и писмо за намери. Дополнително, шпанска делегација се сретнала со официјални лица на Формула 1, вклучително и Стефано Доменикали за време на Италијанското Гранд При.

технички е можно и не е премногу скапо како градење на нова патека, жарама да се доведе до нивото потребно за организација на формула 1 трка – изјави јарно зафели, шефот на дормо кои работеа на одличниот зандворт.

Жарама беше домаќин на Големата награда на Шпанија помеѓу 1968 и 1981 годниа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ