Шпанците сакаат долгорочен договор

Организаторите на Шпанското Гранд При открија дека сакаат долгорочен договор со Формула 1 и долго останување на тркачкиот календар надевјаќи се дека ќе успеат да го договорат тоа со Либерти Медиа.

Големата награда на Шпанија се воз на патеката Барселона – Каталуња од 1991 година, а последниот тригодишен договор истече лани, но организаторите добија едногодишно продолжување и задача да одработат трка и годинава.

организираме формула 1 и мотогп трки речиси 30 години. се наоѓаме во непосредна близина на барселона и тоа не прави одлично логистички поврзани, а и климата кај нас е одлична.

дополнително, имаме искуство од организирање на настани како зимски тестови, така што за две недели би биле целосно подготвени да организираме и трка без публика поради воиграноста и искуството. мисам дека тоа е вистинската вредност на оваа патека и причина повеќе за добивање долгорочно право за организација на формула 1 трка – изјави Хуан фонтсере, првиот човек на патеката.

Претходно Големата награда на Шпанија се возеше на Херез, а последен пат таа патека била домаќин на трк во 1997 година, а тестпт во 2015 година беше поделен помеѓу Херез и Барселона.

за формула 1 е добро кога тркачки автодроми се борат за да организираат трки. ние работиме согласно нашите можности и вештини и им нудиме се што погоре кажав.

сигурно дека има и други патеки и организатори кои може да го понудат тоа, но јасно е дека ние имаме нешто што другит его немаат и сакаме тоа да се цени кога ќе се земе во предвид иднината.

Оригинално, трката крај Барселона беше закажана викендов кој веќе помина, но Фонтсере се надева дека патеката ќе добие датум за организација летово.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ