Штаерска: Доминантна 1-2 на Мерцедес и пропаст во Ферари

Откако стана првиот возач кој 14 сезони по ред освојува пол позиција на некоја трка, Луис Хамилтон дојде и до својата 85та победа во Формула 1 кариерата и 2ра на Спилберг, на доминантен начин, од почеток до крај, освен неколку кругови додека немуваше гуми.

Поради вчерашниот дожд сите возачи имаа слободен избор на гуми и сите од топ 10 излегоа на црвените софт, освен Даниел Рикардо кој се реши на спротивното, почна со медиум, а втората серија му беше на софт.

Првиот круг беше и последен за Скудерија Ферари откако Фетел и Леклер почнаа назад во поредокот, се најдоа во гужва на 4та кривина и добро се удрија еден во друг елиминирајќи се меѓусебно. Вина за сударот нема никој посебно, но тоа е цената која се плаќа за старт од позади.

Задното крило на Себастијан беше целосно отпаднато и тој се влечкаше по патеката, Леклер го престигна и успеа да дојде до боксот на поправки, а Безбедносното возило беше на патеката до 3от круг.

Џорџ Расел беше фантастичен на почетокот од трката и стигна до топ 10, но загуби контрола на својот болид и излета крај патеката, а враќајки се по песокот го оштети подот и потоа возеше на опашката каде и заврши.

Валтери Ботас нападна за 3то и без посебен проблем го мина Карлос Саинз во 6от круг, а два кругови подоцна истото го стори и Алекс Албон симнувајќи го шпанецот на 5то место.

 

Во кругот број 20 позициите си ги променија Окон и Рикардо поради тоа што французинот имаше побрзи гуми, но веќе 6 кругови подоцна се пакрираше во гаражата иако претходно не покажуваше знци дека има некаков проблем.

Прв за нови гуми се реши Макс Верстапен кој во 25от круг од софт премина на медиум, а Хамилтон го направи тоа три кругови подоцна. Карлос Саинз промени во кругот број 32 и падна од 5то на 13то место поради проблем со монтирање на задното лево тркало и промена која го чинеше 7,2 секунди.

Валтери Ботас промени во 34от круг, по него Албон и последен нови гуми доби Даниел Рикардо, но да повориме дека тој започна на медиум.

Во 46от круг Чеко Перез го мина својот колега Ленс Строл за 6то место, а три кругови подоцна и Даниел Рикардо за 5то место. Мексиканецот беше моќен со својот розев Мерцеде во овој момент од трката, а Рено беа конзервативни плашејќи се Рикардо да не го снајде истата судбина како Окон.

Зад Дани се “залепи“ Ленс Строл, но тој нема ни капацитет ни знаење да го мине австралијанецот кој го држеше зад себе до самиот крај.

Кругот број 62 беше моментот кога Саинз и Норис си ги заменија местата затоа што шпанецот беше на побавни и постари гуми откако промени во 32от круг, додека Ландо промени 10 кругови подоцна и поради тоа му се даде шанса да “го брка“ Строл.

Во 67от круг Валтери Ботас по долгата бркотница го нападна и “на втора“ го мина Макс Верстапен превземајќи го неговото тогаш второ место.

Карлос Саинз во 68от круг влезе по свежи гуми, а Верстапен следниот круг, сакајќи да освојат поен за најбрз круг на трката.

Последните два круга беа уживање. Најпрво за 6то место се бореа Рикардо на Рено, Строл на Рејсинг Поинт и Норис од Мекларен. Ленс со контакт го истурка Рикардо и ја превзема неговата позиција, а тоа го искористи и Ландо кој го мина австријаленцот. Сепак, контактот на Строл и Рикардо е под истрага и разгледување по крајот на трката.

Чеко Перез сакаше да додје до 4то место и беше побрз од Албон, но не доволно. Нападна на кривината каде пред седум денови Албон и Хамилтон имаа контакт и иницираше допир со Ред Бул, но го извлече подебелиот крај и имаше штета по што загуби позиција од Норис.

Ландо беше лудница на крајот, најпрво го “исисти“ Строла за 6то место, а на последната кривина и неговиот колега за конечно 5то место во поредокот.

Перез заврши 6ти пред Строл, а потоа беша Даниел Рикардо. Два поени освои Карлос Саинз, а русинот Квјат дојде до поен.

 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ