Штаерска: Нова победа за Макс, 14та во кариерата

Макс Верстапен стигна до нова Гранд При победа, негова 14та во кариерата, втора по ред, 4та годинава и исто така 4та во низа за Ред Бул.

Во не толку интересна трка, второто место го освои Луис Хамилтон кој патем освои и поен за најбрз круг, трети беше Валтери Ботас откако едвај спаси “жива глава“ од Серхио Перез.

Стартот на врвот не беше итнересен затоа што Верстапен рутински си ја зачува позицијата, но имаше интересни моменти. Шарл Леклер добро тргна и го нападна Пјер Гасли кој го истурка надвор на првата кривина. При тоа дојде до контакти помеѓу нив, моначанецот од Ферари заврши со оштетено кредно крило додека француинот со дупноата задна лева гума. Додека се влечкаша по патеката, на Гасли налета и Латифи кој исто така во контакт со него си дупна гума.

Ова значеше бокс за Леклер кој промени од медиум на хард уште во првиот круг и откажување за Гасли кој откако возеше цел круг “на бандаж“ ја оштети суспензијата.

Даниел Рикардо тргна од 14то место, а веќе во вториот круг беше во топ 10, но пет кругови подоцна загуби снага од моторот и повторно си назадуваше до своето судбоносно 14то место.

Во 10от круг Чеко Перез го мина Ландо Норис за 3то место откако неколку кругови се мачеше да дојде во неговаата ДРС зона, а круг подоцна истото го направи и Валтери Ботас, спуштајќи го младиот возач на Мекларен во два круга од 3то на 5то место.

Промените на гуми ги почна Серхио Перез кој во 27от круг промени на хард, но се задржа дури 4,8 секунди откако механичарите се мачеа со задното лево тркало и тоа значеше дека загуби позиција преку бокс од Валтери Ботас кој промени следниот круг и излезе пред него. Круг подоцна промени и Луис Хамилтон, а последен од водечката 4ка смени лидерот Верстапен и остана водечки.

По 38 кругови на хард, во 39та обиколка гуми промени и Шарл Леклер и доби нови медиум со кои беше пеколно брз на крајот од трката.

Истиот тој 39ти круг беше кобен за Џорџ Расел кој го паркираше својот Вилијамс во гаражата откако 10-тина кругови претходно влезе во боксот на поправка на некаков дефект.

По огромна серија од 42 круга, Карлос Саинз влезе во бокс, но доби нови хард со кои исто така беше моќен до крајот. Три кругови по излезот од боксот тој го мина Ленс Строл и дојде до 6то место кое си го сочува до крајот.

Леклер беше одличен и во два круга ги мина Кими Раиконен и Антонио Џовинаци доаѓајќи до 11то место, а со претекнувањето над Фетел во 50от круг дојде до топ 10. Следуваа Јуки Тсунода, Фернандо Алонсо и Ленс Строл по кое Шарл дојде до 7то место на крајот од трката.

Алтернативната стратегија со која победија во Франција Рeд Бул ја пробаа и на Штаерското Гранд При откако во 55от круг го внесоа Перез по нови гуми, му дадоа свеж медиум со кои имаше 16 кругови да го мине Ботас. Но, се залепи за финецот на самиот крај од трката и се чини дека му фалеше само уште една обиколка да дојде до нов подиум.

Луис Хамилтон во претпослендиот круг доби нови софт, нападна и дојде до најбрзиот круг и поенот кој оди со истиот.

Така, Верстапен, Хамилтон и Ботас го формираа подиумот, Чеко Перез веднаш зад нив, а Ландо Норис повторно најдобар од останатите. По очајот и хаосот во Франција, Ферари драстично посилни со 6то место са Саинз и 7мо за Леклер, а ЛЕнс Строл од Астон МАртин зад нив. Два поени освои Фернандо Алонсо, а поен Јуки Тсунода.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ