Штетата од поплвите во Спа санирана

Официјалните лица на белгиска Спа Франкошамп потврдија дека успеале да ги поправат сите оштетувања од скорешната поплава која го зафати автодроомот.

За време на поплаваа предизвикана од обилен дожд се одржуваше Спа Еуро трка, но организаторите ја прекинаа и откажаа штом видоа огромно количество вода како се слива помеѓу Ла Соурс и О’Руж.

Системот за дренажа поставен на патеката многу брзо се преполнил, а делот каде патем се наоѓаат најбрзите кривини на патеката, повеќе личел на езеро одошто на тркачка патека. Поради тоа 30-метарски дел од патеката морал да биде одново асфалтиран поради поплавата која предизвикала оштетување на инфраструктурата под патеката.

донесовме одлуки имајќи ја во предвид безбедноста на сите. лошото време на патеката и оштетувањето кое го донесе не ни остави избор. од петокот попладне целиот наш персонал и нашите подизведувачи, кои реагираа позитивно, работат напорно да ја оспособат патеката колку што може поскоро. во сабота наутро продолживме уште од 6 часот изутрина.

Поради силината на вуж дата која надошла како и големото количество на кал кое го донела со себе, камените ѕидови околу старите гаражи и околу О’Руж, морале да бидат засилени за да издржат идни притисоци.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ