Што е летната пауза во Ф1, зошто се случува и колку трае?

Формула 1 ја започнува летната пауза по Големата Награда на Унгарија, но што е летната пауза, зошто се случува и што прават тимовите за време на истата? 

По исцрпувачката серија од 13 трки во 20 недели, Формула 1 падокот тргнува на летна пауза во Август веднаш по Унгарското Гранд При. Нема да има официјална акција на патеката во Ф1 цел месец, а тимовите повторно ќе се соберат на Големата Награда на Белгија во Спа-Франкошамп од 26 до 28 Август.

Тоа значи повеќе од три недели одмор во Формула 1 и додека сите инволвирани ќе уживаат во заслужениот одмор, тоа не значи дека ништо нема да се случува во текот на целиот период.

Што е летната пауза во Формула 1?

Летната пауза во Ф1 е толку витална за секоја сезона поради што е запишана и во спортските прописи, со казни за тимовите кои не се придржуваат до правилата.

Во сеопфатна смисла, летната пауза во Ф1 е периодот помеѓу последната трка во Јули, за 2022 година ова е Унгарското ГП, до првата трка кон крајот на Август или почетокот на Септември. Годинава тоа е ГП на Белгија на 28 Август.

За тимовите, кога немаат трки или официјални тестови на кои треба да присуствуваат или да се подготват до завршувањето на летната пауза во Ф1, има и задолжително затворање на фабриките каде што работата е ограничена само на основните функции.

Ова правило е имплементирано со член 21.8 од спортските прописи на ФИА:

Сите натпреварувачи мора да почитуваат период на одмор од четиринаесет (14) последователни дена во текот на месеците Јули и/или Август.

Во овој период, тимовите не можат да работат на дизајн, развој или производство на делови, вклучувајќи планирање или одржување состаноци.

Воздушните тунели или деловите за обработка исто така не смеат да се користат во текот на периодот од 14 дена, но се дозволени основни работи како сервис и одржување.

Ф1 тимовите можат да ги поправаат оштетените болиди, но треба да добијат дозвола од ФИА за работа, додека сите задачи кои не се поврзани со Ф1 тимот се дозволени.

На тимовите во Ф1 им е дозволено да го активираат својот 14-дневен период на за одмор во секое време во рамките на летната пауза, при што поголемиот дел од тимовите се одлучуваат за средните две недели за да обезбедат време да се распакуваат од претходната трка и да се подготват за следната трка по затворањето на нивните објекти.

Но Ф1 тимовите не мора да го извршуваат 14-дневниот период во исто време, така што некои тимови може да го започнат или завршат периодот порано од другите.

Летната пауза сè уште се користеше за време на сезоната во 2020 која беше погодена од КОВИД-19, кога беше одложена во Март и Април за да се овозможи сезоната да започне и да трае истовремено од Јули.

Иако правилата важат за сите тимови, тие генерално важат и за ФИА, официјалните лица на трките, добавувачите, медиумите и другите засегнати страни вклучени во серијата кои придонесуваат да се одржува Формула 1.

Зошто Формула 1 има летен одмор?

Бидејќи календарот на Ф1 се зголеми на над 20 трки во секоја сезона, летната пауза беше имплементирана за да се обезбеди слободно време со поставени правила за да се спречат тимовите да го искористат периодот и да стекнат конкурентска предност.

Тоа е, исто така, начин да се контролираат трошоците, воведено е долго пред ограничувањето на трошоците за тимовите, а тоа значи дека секој Ф1 тим треба да ја паузира развојната работа.

Исто така, му овозможува на тимскиот персонал да помине време надвор од Ф1, да се релаксира и да се опорави со семејствата и пријателите, пред да продолжи акцијата до крајот на сезоната.

Со оглед на тоа што Ф1 тимовите работат напорно штом заврши божиќната пауза, тоа е првиот вистински период да се прекине работата за многу оддели во секој тим. Исто така, делува како навремен одмор пред работата повторно да се засили за крајот на сезоната и потоа да се префрли фокусот на следната сезона.

Што се случува за време на летната пауза во Ф1?

Она што се случува за време на летната пауза варира во зависност од секој оддел на еден тим, но за огромното мнозинство целата работа престанува во текот на 14-те дена на затворање на објектите. Ова ја покрива секоја област што работи конкретно на перформансите или управувањето на Ф1 тимот како и самите болиди.

Само на неколку одделенија им е дозволено да продолжат да работат, а тоа се оние кои немаат директно влијание врз перформансите на болидот: главно маркетинг, финансии и правната служба.

Надвор од задолжителниот 14-дневен период на затворање, во сите области на тимовите им е дозволено да работат нормално и во рамките на вообичаените правила од редовната сезона.

На возачите на Ф1 им се дава пауза и обично само разговараат со тимот на денот по последната трка пред летната пауза и ги исполнуваат сите медиумски или маркетинг ангажмани. Тогаш возачите можат слободно да одат на одмор и обично се враќаат во фабриките во текот на неделата пред следната трка за да работат во симулаторот.

Кога се враќа Формула 1?

Сезоната во 2022 продолжува по летната пауза со Белгиското ГП на Спа-Франкошамп од 26 до 28 Август, со што започнуваат последните девет трки кои ќе се одржат во следните 12 недели.

Сезоната завршува со ГП на Абу Даби на 20 Ноември.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ