Што значи заминувањето на Абитебул за Алпин и што следува?

Заминувањето на Сирил Абитебул од групата Рено, откажувајќи се од неговата улога како раководител на операцијата Формула 1, што ќе се ребрендира во Алпин оваа сезона, беше шокантна вест.

Абитебул важеше за доживотен чувар на Рено, бидејќи започна во компанијата од 2001 година, пред две децении и се искачи во редовите за да го превземе владеењето со Формула 1 тимот. Тој требаше да ги доведе во новата ера како Алпин, играјќи клучна улога во враќањето на двојниот светски шампион Фернандо Алонсо и тимот за оваа сезона, но тоа не повеќе случајот.

По дискусиите на корпоративно ниво, одлучено е дека Абитебул ќе го напушти тимот, а директорот за стратегија и развој на бизнисот за групата Рено, Лоран Роси, ќе го преземе местото на Главен извршен директор на Алпин, улога што вклучува преземање одговорност за нивните активности во Формула 1.

Кога Рено се врати во Формула 1 како фабричка екипа во 2016 година, тие имаа прилично високи амбиции. Тие сакаа подиум во рок од три години (2018) и да бидат кандидат за титулата во нивната петта сезона (2020 година). Тимот, предводен од Абитебул, на некој начин ги промаши тие цели. Нивните први подиуми не дојдоа до 2020 година и тие не успеаја да станат предизвикувачи на титулата.

Тие не успеаја да го подобрат импресивното четвртто место во 2018 година, наместо тоа паднаа петтото место, што минатата година вклучуваше пораз од клиентите Мекларен и Рејсинг Поинт.

Лука де Мео, кој ја презеде функцијата на Главен извршен директор на групацијата минатата година, ја ревидираше структурата на компанијата, вклучувајќи го и нејзиниот пристап кон Формула 1 и се одлучи да го користи брендот “Алпин“ за да се претстави нивната работа со Формула 1.

Претседателот на Рено Спорт Рејсинг, Џером Стол, поднесе оставка на крајот на минатата година, а Абитебул беше второто име од висок профил што замина. Тоа е смел потег, да се разделат со такво искуство, но се чини дека компанијата смета дека стариот начин не функционира.

Ова е нов почеток за Рено во Ф1.

Лоран Роси ја презема функцијата на Главен извршен директор на Алпин – улога што му ја доделија на Абитебул кога беше објавена ребрендирањето. Овој 45-годишник се приклучи на групацијата Рено во 2000 година, минувајќи девет години во компанијата.

Потоа имаше позиции во групацијата Бостон Консалтинг и Гугл пред да се врати во Рено во 2018 година, каде што беше доволно импресивен за да ја заработи оваа промоција. Роси нема искуство во Формула 1, поради што се очекува да има понатамошни промени во раководната структура на Формула 1 тимот.

Марцин Будковски се приклучи на Рено од ФИА и во моментов е извршен директор во екипата. Тој е високо оценет од менаџментот и може сериозно да завземе поширока улога во водењето на тимот.

Во меѓувреме, Давиде Бривио, кој неодамна се раздели со Сузуки МотоГП тимот, откако неговиот возач Жоан Мир го освои шампионатот во најпрестижната класа  и ја освои титулата кај тимовите, беше во голема мера поврзан со улогата во Алпин.

Во наредните недели очекувајте поголема јасност за тоа како тимот ќе се води од ден на ден и на патеката, бидејќи Алпин ги финализира своите подготовки за сезоната во 2021 година и пошироко.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ