Батон посочи што Расел ќе треба да одбегне во Мерцедес

Џенсон Батон изјави дека е најважно Џорџ Расел да не си прави притисок врз себе откако ќе се приклучи на Мерцедес наредната година. 

Расел беше позајмен на Вилијамс три години и сега се приклучи на фабричкиот тим на Мерцедес каде ќе биде колега со седумкратниот шампион Луис Хамилтон. Пред да стане возач на Мерцедес, Батон му даде совет на Расел. 

Тој не треба да си прави притисок на себе, Не треба да си мисли дека ќе влезе во болидот и веднаш ќе биде побрз од Луис. ТОј треба полека да напредува бидејќи не може да си многу сигурен покрај Луис.

Поранешниот колега на Хамилтон, Розберг исто даде свое мислење за новиот колега на Хамилтон. 

Не е возможно да сме во неговата глава. Не знам дали сеуште ужива. Мислам дека со пандемијата можеби им е полесно на возачите бидејќи нема толку работи поврзани со медиумите и спонзорите. Можеби тоа ќе одигра улога и ќе му олесни малку. 

Но, Батон верува дека ќе имаме нов Хамилтон наредната година. 

Луис беше различен оваа сезона од претходните кога беше релаксиран и сигурен во своите способности. Но, мислам дека наредната година ќе има целосно различен Луис. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ