Што ќе му недостасува на Ботас по напуштањето на Мерцедес

Валтери Ботас откри што ќе му недостасува откако ќе го напушти тимот Мерцедес на крајот на сезоната. 

Финецот ја завршува соработката со Мерцедес и преминува во Алфа Ромео. Можеби досега не беше во борба за титулата, но сепак имаше одличен успех и му помогна на тимот да дојде до конструкторската титула и победи на девет трки. 

Но, покрај тоа што ќе му недостасува успехот, ќе му недостасуваат луѓето и Хамилтон. 

Во Мерцедес стекнав многу пријатели со кои поминавме доста во последните пет години. Секако имам доста спомени, четири конструкторски титули, а можна е и петта.

Победи, подиуми и се друго ќе ми недостасува. Ми беше задоволство да работам со Луис и со тимот. Имаме одлична меѓусебна почит и научив многу од него – откри финецот.

Ботас и Хамилтон имаат најдолго партнерство на гридот откако тој дојде да го замени Нико Розберг на почетокот на 2017 година. Двајцата никогаш немале сериозен конфликт или судар на патеката.

Би рекол дека сме пријатели. Имаме меѓусебна почит. Секако се тркаме меѓу нас за тимот. Во последните години имавме одличен тим.  

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ