Штрајк на градскиот превоз за време на трката во Мелбурн

Големата награда на Австралиај е во проблеми откако останаа на средина помеѓу несогласувањата на Yarra Trams and the Rail, Tram and Bus Union. Унијата потврди дека над 1.500 луѓе персонал ќе штрајкуваат за време на четирите денови кога се одржува трката во Мелбурн, а планот е градскиот превоз да биде во застој од 10 наутро до 2 попладне во Четврток и Петок, а од 12 на пладне до 4 попладне во Сабот и Недела.

Трамваите се клучни во сервисирање и пристап до Алберт Парк за време на тркачкиот викенд, а има и организиран превоз од станицата на трамвајот до различните влезови на патеката. Локалните медиуми пренесваат дека несогласувањата се поради неможност да се договори покачувањето на платите од 5% во следните три години кое го бараат вработените.

Унијата тврди дека Јара Трамс сакаат да не исплатат 4% ограничување на времено вработените што ќе има влијание врз прекувремената работа и казните.

И покрај заканите за штрајк, Главниот извршен директор на компанијата која ја обавува организацијата на трката, Ендру Вестакот е убеден дека проблемот ќе биде решен. Тој појасни дека организаторите имаат договор со одделот за транспорт на државата Викторија согласно кој треба да се обезбедат шатл автобуси преку Јара трамс и тој очекува договорот да биде испочитуван.

еден месец пред почетокот на трката да се чуе дека унијата се заканува со штрајк е соодветна тактика за преговарање. имаме силен договор со одделот за транспорт и со јара трамс и очекувам шатл автобусите д работат вообичаено за време на тркачкиот викенд. не очекувам никакви проблеми за фановите кои сакаат д дојдат и да ја гледаат гранд при трката.

нашиот систем се потпира на шатл превоз од градот и на тој начин луѓето од сите страни на мелбурн со трамвај, воз, точак, пешки или со автобус може да стигнат до центарот. се работи за интегриран систем и очекувам дека сите страни заедно ќе работат и ќе најдат решение во периодот кој следи.

Вестакот заклучи дека доколку навистина има штрајк, тоа ќе биде срам како за самиот настан така и за градот Мелбурн.

ако не успеат да испорачаат стандарди на ниво како што до сега беше случајот со организацијата на австралиското гранд при, тогаш срамот е на настанот, на системот и на се што ќе се одржува во иднина во мелбурн. важно е и добро е што унијата бара да се решат нивните проблеми.

наши очекувања како компанија задолжена за организацјата е страните со кои имаме договор да ги овозможат услугите за кои сме се договориле на соодветен начин како што тоа е случај минатите 24 години.

Тој се осврна и на корона вирусот кој е проблем во однос на патувањето на персоналот кој дефинитивно треба да мина преку јужниот дел на Азија за да стигне до Австралија.

мислам дека е наивно да се смета дека нешто волку големо од глобални и регионални размери нема да има никакво влијание врз позицијата на австралија и азија. во моментов продажбите на влезници се подобри од лани и верувам дека мебурн ќе биде одличен на 15 март.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ