Шумахер: Активизмот го одвлекува вниманието на Хамилтон

Ралф Шумахер смета дека Луис Хамилтон немал многу добро отворање на сезоната откако доби казна во пресрет на стартот од трката, но и за време на трката поради дуел со Александер Албон.

Црномурестиот британец е во центарот на вниманието со своите активности и поддршката за Black Lives Matter движењето.

луис хамилтон немаше најдобар викенд, неговиот колега го победи на квалификациите, а тој стартуваше од 5то место поради игнорирање на жолто знаме и после се, загуби подиум поради казна за својот маневар при дуелот против албон – смета ралф.

Во врска со казната за Луис, Ралф потсетува на старото непишано правило кое важеше во Формула 1 дека ако сте во внатрешниот дел на кривината, тоа е ваша кривина и за него инцидентот бил обичен тркачки, а казната погрешна.

Хамилтон напаѓа на рекордни 7 титули колку што има братот на Михаел, Ралф Шумахер.

во интервју пред почетокот на сезоната луис изјави дека се што го дели од рекордни 7 титули е ковид-19 и очигледно со таа изјава го потцени својот колега.

ботас беше одличен и мислам дека е реален негов противник за шампионска титула оваа година.

во моментов луис има и други проблеми неповрзани со формула 1, политички е акитивен, нешто што не беше толку изразено во минатото и тоа го одвлекува неговото внимание.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ