Шумахер: Арогантно е да се каже дека секој би победил во Мерцедес

Мик Шумахер смета дека би било арогантно да се каже дека возачите на Мерцедес победуваат само проади болидот и дека секој во сребрениот болид би победувал.

Се до титулата на Макс Верстапен лани, Мерцедес, односно неговите возачи, ги освојуваа сите титули во В6 турбо хибридната ера и тоа на доминантен начин. Фантастичниот агрегат од Бриксворт комбиниран со одличната шасија од Бракли, се поакажа како добитна комбинација во оваа Формула 1 ера, така што често беа сугестиите дека Хамилтон победува само поради болидот.

Мик смета дека таквите изјави не се фер затоа што само тројца возачи возеле Мерцедес во оваа ера и победувале.

секој заслужува место во формула 1, но лошо е да се каже дека секој што ќе седне во мерцедес ќе победи на трка. тоа е арогантна изјава – смета младиот шумахер.

Германецот ќе остане возач на Хаас и оваа сезона заедно со Никита Мазепин во тандемот дебитантти со кои американците ја комплетираа минатата година на опашката од поредокот во болид кој не беше развиван цела сезона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ