Шумахер задоволен: Ги разделивме Вилијамс

Мик Шумахер успеа да заврши пред еден болид на Вилијамс откако го претекна Никлас Латифи во последните кругови од трката, нешто што германецот смета дека е големо подобрување на тимот.

На двете претходни трки, актуелниот Формула 2 првак беше секогаш еден круг по останатите, но во Португалија се бореа со Вилијамс, а тој заврши н 17то место. Малку пред него беше и Џорџ Расел, возачот кој беше шокиран од перформансите откако претходниот тин дојде до 11то место на квалификации.

имавме многу подобар ритам и штета што не го откривме порано затоа што ќе имавме многу подобра трка во однос на времето. можеби можевме да го стигнеме и џорџ расел.

чувствувам дека направивме многу голем чекор во однос на тоа каде бевме на имол и ако продолжиме ќе бидеме во добра ситуација на крајот на годината. бев изненаден што го видов џорџ блиску пред нас затоа што почна на 11то место, не знам што се случи со него.

се трудиме и напредуваме, се доближуваме до оние пред нас секој ден, а екипата работи напорно да фати приклчок. мислам дека се доближуваме до вадење максимум од пакетот кој го имаме – најави шумахер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ