Шумахер: Мазепин се извини за потегот во Баку

Мик Шумахер потврди дека неговиот колега, русинот Никита Мазепин, се извинил за опасниот маневар при крајот на трката во Баку. 

На 500 метри од финиш линијата, двојката имаше близок контакт и избегнаа инцидент од поголеми размери. 

Имавме состанок по трката со Гунтер, Коматсу и Никита. Зборувавме заедно за инцидентот. Тој го виде инцидентот на видео и се извини. Нема што повеќе да разговараме за тоа.

ВО моментот беше збунувачки бидејќи не се очекуваше да се случи такво нешто помеѓу колеги. Единствен начин да сопреш некого е да го исплашиш или да го оттераш во ѕид.

Очигледно тој се потруди да го направи тоа, Но сепак мислам дека не го очекував тоа од моја страна. Сега расчистивме и одиме во Франција – смирен е мик.

Шумахер смета дека довербата помеѓу него и Мазепин треба да се обнови. 

Треба да се тркаме заедно. Мислам дека довербата е најважна и мора да ја обновиме. Доколку се случи повторно може да има поголеми последици. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ