Шумахер нема повеќе да биде дел од Академијата на Ферари

Соработката на Мик Шумахер со Ферари треба да заврши во Декември оваа година, што значи дека германецот ќе биде слободен возач додека бара место во Формула 1 за 2023 година.

Оригиналниот договор на Шумахер со Академијата за возачи на Ферари ќе дојде до она што еден извор го нарече очекуван крај по оваа сезона. Иако нема потврда од Хаас, во падокот е се шири веста дека Шумахер нема да биде задржан од тимот за трета сезона во 2023 година, а Антонио Џовинаци моментално е фаворит за да седне во болидот покрај Кевин Магнусен.

Останатите отворени места на гридот ги вклучуваат Алпин и Вилијамс, а блискиот пријател на Шумахер, Естебан Окон, го поддржа како кандидат за првото. Тој, исто така, се поврзува со место во АлфаТаури, иако Колтон Херта сега се појави како поверојатен кандидат доколку се појави слободно место.

Постои можност Шумахер да загуби во промената на пазарот на возачи во наредните денови, што потенцијално ќе ја остави Германија без претставник на гридот во 2023 година, освен ако Нико Хулкенберг не биде избран од Алпин.

Шумахер прв пат се поврза со Ферари на почетокот на 2019 година, кога беше најавен како член на Академијата за возачи откако го освои европскиот шампионат во Формула 3 претходната година. Тој се приклучи на силната група во која беа Калум Илот, Маркус Армстронг, Роберт Шварцман и Енцо Фитипалди.

Во тоа време, тимот истакна дека врските на неговиот татко, Михаел со Ферари не биле движечката сила зад одлуката да го земат и дека тој заслужил поддршка од Академијата по свои заслуги.

Тимскиот шеф, Матиа Биното, искоментира:

За некој како мене кој го познава од раѓање, нема сомнеж дека пречекот на Мик во Ферари има посебно емотивно значење, но ние го избравме поради неговиот талент и човечките и професионалните квалитети и покрај неговата млада возраст.

Тој го имаше првиот Формула 1 тест во СФ90 во Бахреин во Април 2019 година, пред да има второ возење за Алфа Ромео следниот ден. Германецот се тркаше со поддршка на Ферари за тимот на Према Формула 2 во 2019 и 2020 година, освојувајќи ја титулата во својата втора сезона.

Во Септември тој извозе уште кругови СФ71Х во Фиорано пред она што требаше да биде неговото прво возење во Т1 со Алфа Ромео на Нирбургринг. Сепак, лошото време доведе тоа да не се случи и конечно ја имаше својата прва Т1 сесија со Хаас во Абу Даби. Врската со Ферари му помогна да го доведат во Хаас во 2021 година, а по фрустрирачката сезона со неконкурентен болид тој продолжи со тимот оваа сезона.

Серијата на несреќи не му помогна да напредува, но тој ги освои своите први поени со осмото место во Силверстон, следејќи со шестото место во Австрија.

Откако Шарл Леклер, а потоа и Карлос Саинз, неодамна потпишаа долгорочни договори, стана очигледно дека нема тркачко место за Шумахер во фабричкиот тим.

Дополнително, Валтери Ботас и Жу Гуанју се веќе потврдени во партнерскиот тим на Ферари, Алфа Ромео, а кинескиот возач се очекува да биде потврден наскоро до крајот на 2023 година. Според сегашниот договор со Заубер, главниот спонзор веќе нема право на избор за едно од местата со возач поддржан од Ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ