Шумахер по Монца: Можевме до поени

Возачот на Хаас, Мик Шумахер, по крајот на Италијанското Гранд При и финишот на 12то место, посочи дека можеле да стигнат до поени.

Германецот тргна од 17то место откако промени мотор и менувач што го чинеше казна од 15 позиции на гридот, но и покрај тоа стигна до 12то место на трката која заврши зад безбедносно возило. Мик смета дека одработел добро, но можел и до топ 10 да дочекал рестарт на трката.

дефинитивно одлично возење, одлична трка и штета што не извлековме некој поен на крајот. мислам дека поените беа на дофат, но штом излезе безбедносното возило и не се повлече до крајот, немавме никакви шанси.

секако дека е кристално јасно дека мораме да мислиме на безбедноста и одлуката која беше донесена е исправна и ја почитувам. ме радува тоа што покажавме перформанси денеска – се осврна на последниот тркачки викенд возачот на хаас.

Мика претходно најави дека мора да извлечат максимум од Зандворт затоа што брзите патеки како Монца не им се силна страна, но се чини дека не е така, а клучно за него било стартот на алтернативна стратегија.

имавме ритам, сите пред нас беа на стари гуми, а нашите беа свежи. клучно беше во првата серија кога медиум гумит направија фантастична работа за нас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ