Шумахер сеуште не бил во фабриката на Хаас

Мик Шумахер откри дека рестрикциите во патувањето го спречиле до сега да се поави во британската база на својата нова екипа.

Мик е актуелен Формула 2 првак кој ќе дебитира во Формула 1 годинава откако како член на Академијата за млади возачи на Ферари си обезбеди место во Хаас за претсојнава тркачка сезона. Но, глбалната пандемија прави големи проблеми во однос на патувањето на членовите на екипите.

Американската екипа веќе пријави проблеми со моторот на Ферари односно неможноста да се инсталира истиот во нивниот болид затоа што за тоа ќе бидат потребни инженери од Ферари кои за да дојдат во Бриатанија ќе мора да иаат двонеделен карантин. Поради тоа, Хаас ќе го инсталира и запали својот мотор пред предсезонскиот тест во Бахреин.

поради пандемијата не можам да правам ништо посебно освен да тренирам и да се подготвувам. моите подготовки се одвиваат одлично, како фиички така и ментални, но за жал не можам да патувам во англија и да се сретнам со тимот што требаше да се случи многу пати доколку имавме вообичаена година. се надевам дека ќе имам шанса да патувам во деновите кои следуваат – најави мик.

Апликацијата Зум му дозволува на германецот виртуално да работи со својата група инежери се додека не биде во можност да им се приклучи во фабриката.

се се средува последните недели и јас сум задоволен од напредокот и сработеното. среќен сум што можам преку зум да работам со тимот и така ќе биде и во следните денови. немав шанса да работам во фабриката, мислам дека ќе треба да почекам уште денови за тоа.

Оваа година Мик веќе имаше километри во Формула 1 болид откако беше дел од тестот на Ферари со стар болид на Фиорано.

тешко е да се стигне во италија, но сепак е многу полесно одошто во англија. јасно е дека морам да направам некои тестови, симулаторот се користи многу од возачите на ферари така што се подготвувам на тој начин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ