Шумахер сеуште цели да се врати на гридот во 2024

Мик Шумахер инсистира дека неговата цел е да се врати на Формула 1 гридот во 2024 година.

По две тешки сезони во Хаас, 24 годишниот син на големиот Михаел Шумахер го загуби своето тркачко место и оваа година е резерва на Мерцедес. Но, германецот за Sky Deutschland изјави:

Целта е да се вратам во Формула 1 во 2024 година.

Сепак, тој инсистира дека едноставното враќање со тим од средниот ред не е последната фаза од неговата цел.

Целта на сите нас возачи е да станеме светски шампиони, а тоа е и мојата цел.

За жал, нема место оваа сезона, но да се биде резервен возач во Мерцедес секако е исто така чекор напред.

Во таков огромен тим можам да научам толку многу и се надевам дека ќе го искористам наученото во мојата идна кариера во Ф1.

Некои мислат дека, настрана неговото познато презиме, младиот Шумахер всушност не си помага на своите шанси да се врати со тоа што е толку тивка, срамежлива личност во јавноста. Но, тој инсистира:

Приватноста беше многу важна за татко ми и ние навистина го прифативме тоа.

Секако дека споделувам нешто овде и таму, како со моето куче на пример, но ништо повеќе од тоа засега.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ