Шумахер: Уште една Ф2 сезона подобро ќе ме подготви

Мик Шумахер, штитеникот на Ферари, смета дека уште една Формула 2 сезона ќе направи да биде многу подобро подготвен за Формула 1 за која се подготвува од 2021 година.

Синот на седумкратинот првак има зад себе тестови со Ферари и Алфа Ромео болиди од оваа сезона паралелно со неговото тркање во јуинорската серија каде победи во Унгарија и заврши на 12то место за Према во дебитантската сезона во која дојде како актуелен Европски Формула 3 првак.

Медиумите шпекулираат дека Алфа Ромео прават проценка на перформансите на младиот германец, но особено силниот Антонио Џовинаци во вториот дел од сезоната значеше дека швајцарската екипа ќе го задржи догполнителна година кај себе.

Втората сезона во јуниорската серија германецот ќе ја одработи со користење на 18-инчните тркала, нешто што врвната Формула 1 ќе почне да го користи од 2021 годиа.

јасно е дека секоја можност за возење во формула 1 треба да се искористи затоа што тоа е ретко. но, моја одлука беше следната година да остнам во формула 2, по мене најинтелигентно решение и најреална одлука. формула 2 ќе има нови и поголеми гуми догодина и тоа ќе биде позитивно затоа што истите ќе се возат во формула 1 година потоа. потоа ќе одлучам каков чекор да превземам, но искуството со тие гуми дефинитивно ќе ми биде предност.

новите гуми секако дека се различни, а мислам дека јуниорската категорија ќе ми помогне искуствено и ќе бидам во подобра позиција за следната година – смета мик.

Како Формула 3 шампион, германецот дојде во Формула 2 во тимот на Према и го возеше болидот со кој Ник де Вриес заврши на 4то место во поредокот во сезоната во која тројцата пред него (Расел, Норис и Албон) минаа во Формула 1.

мислам дека во однос на чистите перформанси, годинава беше позитивна за мене. имавме неколку трки каде загубивме поени и позиции иако не требаше така, но имавме и силни перформанси и одлични резултати.

за жал формула 2 викендите се така наместени што првата трка во голем дел ја решава и втората, а голем дел омоите проблеми беа токму во сабота, што значеше зезнат викенд од самиот почеток.

штета затоа што мислам дека можевме повеќе, а крајниот резултат во однос на поените можеше да биде значително подобар.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ