Шумахер цели на подиум: Дозволено е да сонуваме

Германскиот дебитант во овогодишната Формула 1, Мик Шумахер, верува дека е можен подиум за неговиот Хаас оваа година. 

Актуелниот Формула 2 шампион ќе го има своето Формула 1 деби со Хаас во Бахреин покрај Никита Мазепин со кој ги заменија старите возачи Гросжан и Магнусен. Гросжан го имаше најдобриот резултат на тимот во 2020 година со 9та позиција на Нурбургринг, но Шумахер цели на повисок пласман. 

Мора да го знаеме потенцијалот на болидот, Но и да бидеме искрени со себе и тоа што е нашата работа. Најдобро би било да собереме поени.

Доколку има “луди“ трки како минатата година мислам дека е можен и подиум. Ќе видиме што ќе ни донесе новата година и дали ќе имаме малку среќа за повеќе поени.

Секако дека ова е сон и дозволено е да се сонува, Но прво и најважно е да сме реални. Треба да почекаме на првите трки и ќе дадеме одговор.

сакам тимот брзо да добие резултати за да ни е поудобно, а Доколку ни е удобно ќе има резултати. СИ ветив себе си, Но секогаш кога има притисок сам си го правам тоа и си поставувам одредени очекувања. Сакам да ја видам разликата од почетокот и крајот на годината, дали сум се развил. Сакам да изградам однос со тимот и да одиме напред – појасни мик.

Шумахер е сигурен дека го направил вистинскиот чекор со почеток на кариерата во Хаас, а не во Алфа Ромео или Ферари. 

Одлуката беше заедно донесена. Немам многу искуство во Формула 1 додека Ферари знаат премногу. Го знаат бизнисот и знаат што е најдобро за мене.

Хаас не е голем тим, но се директни со своите возачи. Редовно сме во контакт и тоа е добро. ЗНаеме кои се целите на тимот. Тие добро работат со возачите и добро е што има нови возачи во тимот. Се надевам дека тоа ќе не мотивира. Веднаш се почувстував како дома. Некогаш за тоа е потребно време, Но во Хаас тоа беше од првиот состанок. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ