Шуми му кажал на Заубер дека Кими ќе биде “ѕвер“

Откако Михаел Шумахер го гледал Кими Раиконен како вози по патеката Муџело во 2000 година, му кажал на Питер Заубер да го потпише возачот затоа што финецот ќе биде “ѕвер“.

Со само 23 трки со отворени едноседи зад себе, Кими доби покана за тест со Заубер во 2000 година и возеше на Муџело комплетирајќи брзи и безгрешни кругови и привлекувајќи го вниманието на големиот Михаел Шумахер.

Според швајцарски Blick, тогаш Црвениот барон му кажал на Заубер да потпише договор со младиот финец.

михаел шумахер тестираше со ферари во муџело истиот ден и му кажа на путер заубер дека не знае кој го возел неговиот болид дента, но дека мора да го земе тој возач во тимот затоа што ќе биде офличен – пишува blick.

Кими освои поени на својата прва трка со Заубер кога финишираше на 6то место во 2001 година за Големата награда на Австралија. Во 2007 година токму финецот ќе го замени Шумахер во Ферари и ќе стане шампион со екипата од Маранело. Тринаесет годни подоцна, Раиконен сеуште е последниот првак кој возел Ферари.

40-годишниот финец е на залезот на својата тркачка кариера и се врати во Заубер, екипа која сега е позната под името Алфа Ромео и годинава ќе ја одработи својата втора сезона од двегодишниот договор со екипата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ