Јамамото би можел да се префрли во Ред Бул

Шефот на Хонда Ф1, Масаши Јамамото, не ги отфрла шпекулациите дека би можел да остане во Формула 1 и наредната година со Ред Бул. 

Ред Бул и Хонда се подготвуваат да се раздвојат на крајот на оваа сезона по одлуката на јапонскиот производител да си замине од споротот. Наредната година ќе биде транзициска за Ред Бул бидејќи персонал од Хонда ќе му помага на тимот за да го прави моторот. 

Еден од членовите на Хонда, Јамамото, кој беше на подиум со Верстапен и Перез смета дека би можел да остане во Формула 1 падокот. 

Прво треба да се фокусираме на титулата. Тоа е приоритет. Не зборувам за лични потези бидејќи размислувам на повеќе работи.

Лично мислам дека е разочарувачки што се повлекуваме. Во исто време во Хонда Рејсинг донесовме одлука дека Хонда мора да стане карбон неутрална. Процесот мора да се забрза.

Ова е крај на проектот. Наредната година е транзициска за Ред Бул и дел од вработените во Хонда ќе останат да помогнат. Хонда нема да биде присутен како бренд. лично скаам Хонда да се врати во Формула 1. Сега фокусот е на друго и мора да се заврза тој процес. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ