Јамамото не го интересира опасниот Индикар

Поранешниот Супер Формула првак и штитеник на Хонда, Наоки Јамамото, би сакал во иднина да настапува и во други моторспорт тркачки серии, но не сака то да биде американскиот Индикар.

Високо-ценетиот јапонски возач беше Супер Формула и Супер ГТ првак во 2018 година, а минатата сезона доби и шанса за петочна тренинг сесија за Торо Росо на домашното Јапонско Гранд При. Шпекулациите за евентуален ангажман на Наоки во Формула 1 почнаа многу брзо, но Хелмут Марко многу брзо стави до знаење дека 31-годишниот возач не се вклопува во она што Ред Бул го бара.

Како возач со голема поддршка на Хонда тој може да добие тест и за болид ов Индикар серијата, но тркање во американската серија не е нешто што тој го има во план.

ако возам повторно во домашните супер формула и супер гт сакам да освојам повеќе титули, но лани тестирав и формула 1 и таа серија е одлична. сакам да возам и да се тркам со повеќе силни противници и ако добијам шанса повторно сакам да возам формула 1 болид, но и да тестирам индикар.

во моментов не сакам дасе тркам во индикар иако тоа е многу силно конкурентна серија, можеби втора по формула 1, но од друга страна е навистина опасна. ако беа само градски трки и автодроми тогаш ќе беше поинаку, но овали … имам семејство, а во тоа има голем ризик. во моментов не сакам таму – откри јамамото.

Лани Наоки беше колега во Супер ГТ со Џенсон Батон кој не пропушти прилика да го испофали талентот и перформансите на јапонскиот колега.

“акциите“ ми скокнаа поради џенсон кој е една од причините за мојата шанса да возам во формула 1 за торо росо. џенсон донесе многу работи во тркањето во јапонија и поради тоа има многу фанови. мислам дека тој го подигна статусот на јапонските возачи, особено на хонда.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ