Јамамото: Поразот во Бахреин не е добар за нас

Првиот човек на Формула 1 проектот на Хонда, Масаши Јамамото, изјави дека поразот во Бахреин бил најстресен ден за него во спортот. 

Хонда ги снабдува со мотори Ред Бул и АлфаТаури и се надеваа на победа за зголемување на моралот, но сепак, Луис Хамилтон дојде до триумф и сега Мерцедес водат на табелата. 

Хонда сака да си замине како шампион од Формула 1 и Јамамото е свесен дека ова е само прв удар во возбудлива сезона. 

Мислам дека ова не е добро за нас. Ова е моја шеста сезона во Формула 1 и имав многу искуство пријатно и непријатно, но ова беше многу фрустрирачки и физички напорно за мене.

Секако имавме добра трка со Макс и тимот кој работеше напорно. Немав зборови кога ја завршивме трката на второ место иако имавме перформанси за победа. Единствено покажавме дека може да се бориме и ќе имаме состанок да ги подобриме перформансите со Ред Бул – вели јамамото.

Хонда го подржува Јуки Тсунода кој имаше одличен старт. 

Го следиме уште од Формула 3 и сега видовме дека тој е можеби малку нервозен. Но, тој ни кажа дека за прв пат не е нервозен. Му кажавме да ужива оваа сезона и тој ни одговори потврдно. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ