Јапонија: Нова победа за Луис, потоп во Ферари

Луис Хамилтон стигна до својата 61ва победа во кариерата, 3та во Јапонија, свој 115ти подиум вкупно, а 5ти во Јапонија. Мерцедес дојде до 74та победа, 4та во Сузука, 149ти подиум односно 7ми во Сузука. Возачите на Ред Бул завршија на 2ро и 3то место, Верстапен стигна до својот јубилеен 10ти подиум, а Даниел Рикардо до својот 27ми односно вкупно 147ми за Ред Бул.

Чуден поредок на стартот од трката затоа што само Луис Хамилтон стартуваше на позицијата која ја освои вчеран на квалификациите. Исто така, само 7 возачи на гридот се решија да почнат на софт, а Раиконен и Ботас беа меѓу нив.

Болидите беа наредени на стартно целната рамина, а по слично сценарио како во Малезија, нешто почна да се случува со болидот на Ферари. Поклопецот од моторот на Ветел беше отворен, а куп италијанци работеа на него. Првичните извештаи велеа дека се работи за проблем со свеќичка во моторот, но дефектот бил отстранет и нема простор за паника.

Стартот мина без инциденти, Хамилтон го одби благиот напад на Ветел, кој пак на средина од кругот загуби позиција од Макс Верстапен, а фантастично тргна и Естебан Окон кој го превзема 5то место на Даниел Рикардо. Од позадина, моќно тргна Раиконен и се бореше за 8мо место со Рено на Нико Хулкенберг, но беше затворен и истуркан од патеката по штоа падна дури на 14та позиција.

Карлос Саинз заврши во оградата во првиот круг, несреќен крај на неговата кариера во Торо Росо, а Безбедносното возило се појави на патеката. За отстранување на СТР12 болидот беа потребни 2 кругови колку што возилото остана на патеката.

Првиот круг беше комплетиран, а нешто не чинеше во Ферари. Ветел се пожали дека губи моќ од моторот и за многу кратко беше минат од Даниел рикардо, Естебан Окон и Валтери Ботас. Во 4от круг беше повикан да го паркира своето СФ70Х во гаражата и да ја заврши трката откако беше минат и од Серхио Перез и Фелипе Маса.

Третото откажување го направи Маркус Ериксон откако не успеа да “фати“ една кривина и праволиниски заврши во заштитната ограда крај патеката. Отстранувањето на болидот ја чинеше трката два кругови Виртуелно безбедносно возило.

Човекот кој беше “запален“ во овие моменти беше Кими Раиконен. Во 9от круг го мина Нико Хулкенберг за 8мо место, откако дуелот со него го врати дури на 14то. Пет кругови подоцна финецот го мина Маса за 7ма позиција, а во 20от круг и Серхио Перез за 6то место.

Штом правилото Виртуелно безбедносно возило престана, Даниел Рикардо веднаш го мина Естебан Окон за 3то место, а круг подоцна истото го стори и Валтери Ботас, одземајќи му го и 4то место на францускиот возач.

Серијата влегување во бокс ја започна Естебан Окон во 21от круг менувајќи на софт, влезе од 5то место, а излезе на 12то. Верстапен промени по него, беше 2ри, а се приклучи на патеката на 4то место, веднаш пред Кими Раиконен. Хамилтон го следеше Верстапен, влезе по софт додека водеше, а се приклучи на патеката зад Рикардо и Ботас.

Даниел рикардо менуваше гуми во 26от круг, влезе како водечки, а се врати на патеката на 5то место, зад Раиконен кој возеше со првите софт гуми со кои ја почна трката.

Во 28от круг тимска наредба во Мерцедес, Ботас го пропушти Хамилтон на шиканата, давајќи му простор да “набилда“ пердност и држеји го Верстапен неколку кругови зад себе. Финецот промени гуми во 31от круг, два круга по Кими Раиконен со кој имаа исти стратегии.

Во 33от круг Кими Раиконен по втор пат на трката го минува Нико Хулкенберг за 5то место во моменти во кои германецот сеуште немаше променето гуми. Нико влезе по суперсофт во 39от круг, но штом се врати неговиот ДРС се заглави на задното крило и беше отворен цело време. Поправката во боксот значеше крај за трката на германецот кој бесен излезе од својот болид во 42от круг.

Болидите на Хаас долго време се мачеа да стигнат до поени зад Фелипе Маса, но со откажувањето на хулк, Маса се промовираше на 9то место, Магнусен беше 10ти, а Роман Гросжан 11ти. Данецот имаше доста ризичен маневар на втората кривина во 42от круг претекнувајќи го Маса за 8то место, но го истурка бразилецот и направи простор да мин и неговиот тимски колега.

Во 47от круг проблеми со едно тркало имаше Ленс Строл кој ја пресече патеката и малку го делеше од директен и страшно опасен судар со Даниел Рикардо, но се мина во ред.

Еден Мерцедес и два Ред Бул на подиум, четврто место за Ботас, а зад него Кими Раиконен. Двоен финиш во поени за Форс Индија, Окон на 6то место, Перез зад него, а двојни поени и за Хаас, Магнусен 8ми, Гросжан 9ти. Последниот поен го освои Фелипе Маса.

Предноста на Луис Хамилтон од 34 поени пред трката порасна на само теоретски достижни 59 поени, но Себастијан Ветел не освојувајќи поени доје на само 13 предност пред Валтери Ботас. Даниел Рикардо е на 4то место со 192 поени, 44 повеќе од Макс Верстапен. Перез и Окон се 7ми и 8ми со 17 поени меѓу нив, Саинз е 9ти, а Хулкенберг 10ти.

Предноста на Мерцедес сега изнесува 145 поени во однос на Ферари, додека италијанците имаат позитива од 92 поени во однос на Ред Бул. Форс Индија се безбедни на 4то место, а Вилијамс се 5ти со 66 поени. 14 поени помалку од Вилијамс има Торо Росо, а Хаас се доближи на 9 зад нив, претекнувајќи ги Рено кои во Јапонија не освоија поени.

[table id=33 /]

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ