Јапонија: Розберг беспрекорно ја освои титулата за Мерцедес

Нико Розберг, лидерот во генералниот пласман, во доминантен стил стигна до победа на Големата Награда на Јапонија и воедно придонесе кон освојување на титулата во конкуренција на конструктори за Мерцедес. Макс Верстапен уште еднаш го докажа својот талент, талент за менување на правец при бранење на позиција и заврши како второпласиран, додека Луис Хамилтон и покрај ужасниот старт, стигна до 3та позиција.

Розберг со победата ја зголеми својата предност во генералниот пласман на 33 поени. Себастијан Ветел беше предводникот на походот на Ферари во нешто што може да се опише како разочарувачко претпладне за Скудерија, завршувајќи на 4то место пред тимскиот колега, Кими Раиконен. Исто така разочаран од трката сигурено ќе биде и Даниел Рикардо, кој заврши како шестопласиран, иако стартуваше од 4та позиција.

За разлика од квалификациите, болидите на Форс Индија на почетокот на трката, како и при завршницата прикажаа солидна форма што им овозможи на Серхио Перез и Нико Хулкенберг да завршат на 7 и 8мо место, пред своите ривали од Вилијамс. Фелипе Маса и Валтери Ботас го комплетираа топ 10.

Возачите на Хаас, Роман Гросжан и Естебан Гутиерез, иако имаа одлични квалификации, сепак во трката попуштија. Пласманот во поени му избега за малку на Роман Гросжан, кој стартуваше како 6то пласиран, додека Гутиерез заврши на 20та позиција, стартувајќи од 10то место. Дебитантите имаат уште за учење.

Розберг го задржа водството од самиот старт, додека Луис Хамилтон повторно заспа на воланот и падна на 8 позиција на стартот. Позади Нико, се наредија Верстапен, Перез, Рикардо, Ветел, Хулкенберг и Кими Раиконен. Ветел успеа да го претекне Рикардо во свиокот 130Р во првиот круг.

Додека Розберг ја креираше својата предност на челото на гридот, Ветел се бореше со сите болиди пред себе за да ги надокнади позициите. Во исто време, Раиконен го престигна Хулкенберг. Кими имаше и мал момент на паника, кога излета во 8от круг, но сепак успеа да го задржи својот болид на патеката и 6то место пред Хамилтон.

Верстапен имаше проблеми со задните пневматици во 10от круг и влезе во бокс, еден круг потоа. Повеќето од возачите на челните позиции се одлучија за хард пневматици.

Во овој период Перез успеа да го претекне Раиконен преку своето влегување во бокс. Кими сепак успеа да го престигне мексиканецот, во едно од највозбудливите претекнувања од сезоната, заобиколувајќи го Перез и Џулион Палмер од Рено. Хамилтон сепак излезе на патеката пред Кими во тие моменти. Британецот успеа да го престине и Рикардо, а потоа и Валтери Ботас.

При крајот на трката, Роззберг веќе имаше солидна предност пред Макс Верстапен на втората позиција, кој пак беше приморан да се брани од нападите на Луис Хамилтон. На 2 круга до крајот, британецот се обиде да го престигне Макс во последниот свиок, но мораше да се откаже од својот обид поради неконтролираното бранење на Макс Верстапен, што го примора да излета од патеката.

Тоа воедно беше и последниот обид за подобар пласман во трката. Гросжан, иако беше блиску, сепак не успеа да го престигне Вилијамсот на Ботас во самата завршница.

Ова е конечниот пласман по денешното Јапонско Гран При:

[advanced_iframe securitykey=”006b4d8db8ba3ffa9c5b6e5d017ef95fa87e2bd5″ src=”http://www.bn-ms.com/bnms.com/formula1/plasman/rezultati-2016-17-japonija.html” width=”100%” max-width=”600″ height=”960″ id=”iframe-rezultati”]

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ